Брзи погачици со сирење од матено тесто: Печиво кое не треба да го месите и да чекате да нарасне

Брзи погачици со сирење од матено тесто: Печиво кое не треба да го месите и да чекате да нарасне

Погачиците ќе нараснат и ќе имаат различни облици, но вкусот ќе биде апсолутно совршен.

Состојки:

  • 1 шолја кисело млеко
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 2 јајца
  • 1/2 шолја масло
  • 130 гр сирење
  • 1/2 лажичка сол
  • 1,5 шолја брашно
  • малку сечкан магдонос

Начин на подготовка:

  1. Во сад ставете млеко, додајте прашок за печиво и мешајте со жица додека смесата не стане пенаста. Вклучете миксер па постепено додавајте јајца, масло, сол и брашно, но не одеднаш туку на неколку пати. 
  2. Оставете го миксерот и посипете издробено сирење и исечкан магдонос (по желба). 
  3. Во два големи плеха ставете хартија за печење и со лажица ставајте од смесата на различни места. Печете на 180 степени со вклучен вентилатор околу 15-17 минути. 
  4. Откако ќе се испечат, погачиците ќе нараснат и ќе имаат различни облици, но еднакво се вкусни.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

singlepost_text