Ќофтиња со босилек: Совршен ручек

Ќофтиња со босилек: Совршен ручек

Меленото месо е омилена состојка од речиси секој ручек. Еве како можете да направите одлични ќофтиња со додавање свежи зачини.

Состојки:

  • 500 гр мешано мелено месо
  • 1 чешне лук
  • 1/2 главица кромид
  • 2 лажици презла
  • 1 јајце
  • 350 гр доматен сос
  • 1/2 шолја црно вино
  • 1 веза босилек
  • сол
  • бибер
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Во поголем сад измешајте месо, ситно сечкан лук и кромид, сол, јајце, презла и бибер. Со раце добро замесете ги сите состојки. Оставете ја смесата да отстои околу еден час во фрижидер.
  2. Со влажни раце обликувајте ќофтиња, потоа пропржете ги на врело масло. Намалете ја температурата, па додајте доматен сос и црно вино. Полека измешајте и оставете да крчка околу половина час. Тргнете од оган и додајте ситно сечкан босилек.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*