Традиционално: Бабина пита со сирење (Видео)

Традиционално: Бабина пита со сирење (Видео)

Кога немате идеја што да подготвите за доручек, солената пита е секогаш добар избор.

Оваа пита со сирење се подготвува многу брзо и едноставно, а е одличен предлог за топол доручек, ужина или вечера. Послужете ја со јогурт, кисело млеко или што и да посакате.

Состојки:

  • 1/2 кг тенки готови кори
  • 250 гр сирење
  • 3 јајца
  • 1/2 прашок за печиво
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Сирењето издробете го, додајте јајца и прашок за печиво. Раширете ја првата кора, малку намастете, па додајте друга преку неа. Намачкајте со сирење од горе.
  2. Првиот врв свиткајте го во триаголник. Потоа свиткајте ги рабовите на долниот дел. Повторно преклопете како книга.
  3. Намастете и свиткајте и повторно преклопете. Редете во кружен плех. Така редете додека не го потрошите материјалот.
  4. Намастете со масло и печете на 200 степени околу 30-35 минути убаво да порумени.
  5. Послужете топло со јогурт или кисело млеко.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text