Најдобрата пенаста брза пита по бабин рецепт (Видео)

Најдобрата пенаста брза пита по бабин рецепт (Видео)

Оваа пита се подготвува брзо и едноставно. Кога немате многу време, а ви се јаде нешто слатко, овој колач е идеално решение.

Состојки:

  • 4 јајца
  • 100 гр маст
  • 100 гр маргарин
  • 150 гр шеќер во прав
  • 1 прашок за печиво
  • кора од лимон
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 200 гр брашно
  • 1 мала шолја млеко
  • 600 гр рендани јаболка
  • шеќер за јаболката по желба
  • 100 гр ореви
  • малку цимет

Начин на подготовка:

  1. Разматете маст и маргарин со шеќер во прав пенасто, па додајте јајца и заедно разматете, додајте брашно со прашок за печиво, млеко, ореви и кора од лимон, сè убаво изедначете. 
  2. Јаболката изрендајте ги, додајте шеќер, оставете малку да отстојат па исцедете го сокот, додајте малку цимет и ванилин шеќер. 
  3. Во намастен плех ставете и распоредете половина од тестото, а преку ставете јаболка и преку јаболката другата половина од тестото и убаво изедначете. 
  4. Печете на 190 степени 40 минути. Посипете со шеќер во прав измешан со ванилин шеќер. Оставете да се излади и пресечете.

Послужете и уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text