Полнет домат: Идеален летен лесен ручек

Полнет домат: Идеален летен лесен ручек

Полнетиот домат може да биде прилог со месни или јадења од риба или пак главно јадење со кое одлично оди чинија сезонска салата.

Состојки:

  • 400 гр домати
  • 100 гр кромид
  • 2 јајца
  • 4 лажици брашно
  • 1 лажица путер
  • 1 лажица млеко
  • свежо мелен бибер
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажица магдонос
  • пелат
  • мајчина душица
  • босилек

Начин на подготовка:

  1. Со нож отсечете го горниот дел од доматите па издлабете со лажица. 
  2. Загрејте путер, на него издинстајте ситно сечкан кромид додека не стане стакласт, додајте ситно сечкан лук, па уште кратко динстајте и додајте сечкан магдонос. 
  3. Јајцата разматете ги, додајте им брашно, млеко, лажица свежи зачини и бибер. Измешајте со кромид, лук и магдонос. 
  4. Наполнете ги доматите со добиената смеса, поклопете со отсечениот дел и ставете во сад. 
  5. По желба можете да додадете и кашкавал, а на дното на садот за печење можете да ставите малку пелати. 
  6. Печете 35-40 минути на 150 степени.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text