Мека штрудла со кајсии и ореви

Мека штрудла со кајсии и ореви

Мирисот и вкусот на оваа штрудла едноставно ќе ве освојат!

Состојки за тесто:

  • 20 гр квасец
  • 100 мл млако млеко
  • 1 полна лажица брашно
  • 1 лажица шеќер
  • 150 мл млеко
  • 150 гр маргарин
  • 70 гр млечно чоколадо
  • 500 гр брашно
  • 1 лажичка сол
  • 1 јајце за премачкување

Состојки за фил:

  • 5 кајсии (околу 500 гр)
  • 2-3 лажици шеќер
  • 100 гр мелени ореви

Начин на подготовка:

  1. Во вангла ставете надојден квасец, растопен маргарин со млеко и чоколадо. Измешајте па додајте брашно и сол и замесете тесто. Оставете да нарасне. Премесете и поделете го на два дела.
  2. Секој дел развлечете го како што е опишано во видеото и премачкајте со фил (за подготовка на филот изгмечете кајсии со мелени ореви и шеќер). Свиткајте, наредете во намастена тепсија, избоцкајте со чепкалка и премачкајте со јајце.
  3. Штрудлите печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 35-40 минути. Изладете, исечете и посипете со шеќер во прав.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*