Без готвење и шеќер: Брз и здрав џем од малини и чиа семе

Без готвење и шеќер: Брз и здрав џем од малини и чиа семе

Рецепт за џем од малини кој не се готви – здрав и вкусен без додавање на шеќер.

Потребен ви е блендер, мала тегла, четири намирници и само пет минути.

Џемот треба малку да отстои па подгответе го ден претходно. Идеален е за доручек или ужина, а одличен е и за колачи како чизкејк, а во фрижидер можете да го чувате неколку дена.

Состојки:

  • 250 гр свежи малини
  • сок од половина лимон
  • 2-3 лажици мед
  • 3 лажици чиа семе

Начин на подготовка:

  1. Малините и лимонот ставете ги во блендер со две лажици мед и матете додека смесата не стане глатка. Пробајте и по потреба додајте уште малку мед. Измешајте чиа семе и кратко миксајте во блендер. Префрлете во чиста мала тегла и ставете во фрижидер на 24 часа пред консумирање. 
  2. Напомена: Ваквиот џем не може долго да стои, па направете малку количина. Во фрижидер овој џем може да остане свеж до недела дена.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text