Сочно јадење: Кременадли во сос од павлака и лук (Видео)

Сочно јадење: Кременадли во сос од павлака и лук (Видео)

Месото подготвено на овој начин е многу меко, а сосот има совршен вкус.

Состојки:

  • 3 кременадли
  • 2 лажици брашно
  • 2 лажици кисела павлака
  • 4 чешниња лук
  • сол
  • зачини
  • мелен бибер
  • магдонос
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Кременадлите исчукајте ги, посолете ги, па ставете ги во тенџере, додајте малку вода и масло и динстајте на тивок оган околу 30 минути. Кога водата ќе испари запечете. 
  2. Извадете ги кременадлите и сочувајте ја маснотијата во која ги пржевте. Во таа маснотија додајте павлака, малку вода, па добро изедначете. Во тенџерето во кое сте ги пржеле кременадлите ставете околу 50 мл масло, па тука пропржете брашно и додајте издробен лук, па и него пропрежете го. На крај додајте разматена павлака. Додајте уште вода и направете поразреден сос. 
  3. Малку згответе го сосот, па ставете го во кременадлите. Додајте сол, зачини и мелен бибер. 
  4. Оставете минута, две за кременадлите да прокрчкаат и на крај додајте сечкан магдонос.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе на Готви.мк:

Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани

Одлична комбинација: Таљатели со сланина, л

 

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*