Мароканска салата со пилешко месо

Мароканска салата со пилешко месо

Едноставна, а вкусна мароканска салата со пилешко месо…

Состојки:

  • 500 гр пилешко без коски
  • 300 гр мајонез
  • 1 помала главица зелена салата
  • 1 чаша милерам
  • 2 лажици кари
  • 1 лажица оцет
  • 2 лажици рендан корен целер
  • 3 зелени јаболка излупени и исечкани на коцки
  • 2 раце сечкани лешници
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото месо исечкајте го на коцки, па испржете го на масло. 
  2. Зелената салата исечкајте ја на парчиња и ставете ја во голем сад за салата заедно со пилешко, целер и јаболка. 
  3. Во помал сад измешајте кари, оцет, сол и бибер. Добро измешајте и прелијте преку салатата, па уште еднаш измешајте. Оставете да отстои десетина минути. 
  4. Во меѓувреме измешајте мајонез и милерам, прелијте преку салатата и повторно добро измешајте. На крај посипете со сечкани лешници.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*