Сочен десерт со диња или праски: 5 евтини состојки за совршен летен колач (Видео)

Сочен десерт со диња или праски: 5 евтини состојки за совршен летен колач (Видео)

Неверојатно сочен колач со диња од евтини намирници, а ако не сте љубител на ова овошје, можете да го направите и со праски.

Состојки:

  • 4 јајца
  • шеќер
  • 4 лажици брашно
  • 4 лажици масло
  • 4 лажици ладна вода
  • кора од лимон
  • 1 помала диња или праски

Начин на подготовка:

  1. Разматете жолчки со 4 лажици шеќер (пенасто) додајте масло, вода, брашно и кора од лимон. Потоа додајте и брашно и сè добро изедначете и ставете во намастен плех. 
  2. Од горе наредете овошје, овој пат парчиња дињи или праски. Разматете белки со шеќер (4 лажици) во цврст снег па посипете преку овошјето. 
  3. Печете на 180 степени околу 40-45 минути. Оставете колачот малку да се излади, па потоа сечете го на коцки.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

 

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*