Бездирме: Турска пита-леб во која ќе се заљубите на прв залак

Бездирме: Турска пита-леб во која ќе се заљубите на прв залак

Корите се развлекуваат тенко, како за домашна пита…

Состојки:

  • 600 гр брашно
  • 400 мл вода
  • 1 шолја масло
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка оцет
  • масло за пржење

Начин на подготовка:

  1. Просејте го брашното и направете вдлабнатини во средината, па тука ставете сода измешана со оцет, сол и вода. Замесете средно тврдо тесто и поделете го на 4 еднакви топчиња и оставете да отстои 30 минути. 
  2. Посипете ја работната површина со брашно, па развлечете ја секоја кора тенко, како за домашна пита. Секоја кора посипете ја со 1/4 шолја масло и премачкајте секаде. 
  3. Свиткајте ја секоја кора во ролат, кој потоа ќе го свиткате во облик на полжав, па оставете да отстои 15 минути. Повторно развлечете ја свитканата кора на дебелина од 1 см. 
  4. Така подготвените бездирме пржете ги на загреано масло во тефлонска тава од двете страни додека не добијат убава златна боја.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text