Најубавиот брз ручек без месо: Тиквици и компири запечени во павлака

Најубавиот брз ручек без месо: Тиквици и компири запечени во павлака

Овој ручек ќе го обожаваат и вегетаријанците, но и најголемите месојади. Откријте во што е тајната!

Состојки:

  • 500 гр компири
  • 300 гр тиквици
  • 2 дл кисела павлака Пекабела
  • 1 главица кромид
  • 50 гр рендан кашкавал
  • 100 мл млеко
  • 1 лажица глатко брашно
  • 1 чешне лук
  • сол
  • свежо мелен бибер
  • мускатно оревче
  • мајчина душица

Начин на подготовка:

  1. Компирите излупете ги и исечкајте ги на тенки кругови. Тиквиците не лупете ги, само исечкајте ги на кругови. 
  2. Со путер намастете огноотпорен сад и во него наредете компири и тиквици. 
  3. Кромидот исечкајте го на тенки кругови и наредете го по компирите и тиквиците. Сè посипете со мајчина душица. 
  4. Разматете брашно во млеко, додајте павлака, ситно сечкан лук, сол, бибер и изрендано мускатно оревче. Прелијте преку компирите и тиквиците. 
  5. Печете на 200 степени околу половина час зеленчукот да омекне. Посипете со рендан кашкавал и печете уште 10-15 минути.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*