Домашно тесто на бабин начин: Ружи со јаболка и цимет (Видео)

Домашно тесто на бабин начин: Ружи со јаболка и цимет (Видео)

Филот за овие ружи може да биде и солен и сладок, како што ќе посакате…

Состојки:

  • 200 мл јогурт
  • 50 мл млеко
  • 2 јајца
  • сол
  • 1 лажица шеќер
  • 1 коцка путер
  • 500-600 гр брашно
  • 2 јаболка
  • 50 гр мелени ореви
  • цимет
  • 50 гр суво грозје

Начин на подготовка:

  1. Разматете квасец во млеко, додајте шеќер, јајца, путер, брашно, сол и замесете глатко тесто. Оставете да нарасне на топло. 
  2. Развлечете во правоаголник па исечете квадрати. Јаболката изрендајте ги, додајте малку шеќер, цимет, суво грозје и измешајте. 
  3. Во секој квадрат ставете лажичка јаболко, рабовите малку исечете ги и соберете ги во средина правејќи ружи како што е прикажано во видеото. 
  4. Оставете малку да отстојат, а потоа можете да ги премачкате со жолчка. Печете на 200 степени околу 20-25 минути.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*