Едноставно јадење: Компири со ориз

Едноставно јадење: Компири со ориз

Едноставно јадење кое сите ќе го обожаваат…

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 1 шолја ориз
  • малку сол
  • малку бибер
  • 2 главици кромид
  • 100 мл масло

Начин на подготовка:

  1. Компирите излупете ги и исечкајте ги на тенки кругови. Оризот измијте го и згответе го кратко во вода. Кромидот ситно исечкајте го и пропржете го на малку масло. 
  2. Потоа во тепсија, која претходно сте ја намастиле, ставете ред ориз, посолете, додајте бибер и динстан кромид, па потоа наредете ред компири. 
  3. Тепсијата ставете ја во загреана рерна, додајте малку топла вода и печете додека компирите не поруменат. Пред крајот на печењето компирите прелијте ги со кајмак или павлака. Послужете како самостален оброк со салата.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*