Никогаш побрза торта: Вкусна и лесна, идеална за изненадни гости

Никогаш побрза торта: Вкусна и лесна, идеална за изненадни гости

Брза и сочна торта чија подготовка е и повеќе од едноставна!

Состојки:

  • 500 мл слатка павлака
  • 200 гр шеќер во прав
  • 500 гр кисела павлака Пекабела
  • 300 гр малини или друго овошје по избор
  • 500 гр мелени бисквити

Начин на подготовка:

  1. Разматете слатка павлака, како шлаг за декорирање, тоа значи цврсто но не премногу. 
  2. Додајте кисела павлака и шеќер во прав па повторно разматете. 
  3. Додајте бисквити и смрзнати малини и измешајте со лажица. 
  4. Ако масата е помека, така и треба бидејќи ќе стегне откако ќе отстои, а ако масата е веќе густа долијте половина чаша млеко и измешајте. 
  5. Обложете калап со фолија па ставете ја целата смеса за торта и израмнете. 
  6. Оставете неколку часа во фрижидер па свртете на тацна или тргнете го обрачот од калапот. 
  7. Декорирајте по желба, послужете и уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*