Трифл со малини: Супер брз летен десерт во чаша

Трифл со малини: Супер брз летен десерт во чаша

Готов за 15 минути, а кога се послужува ладен, идеален е за летни дружења на отворено…

Трифл е англиски десерт кој обично се подготвува од кршени бисквити, крем, желе и овошје. Ова е нешто поедноставна верзија во која кремот се заменува со пудинг, а бисквитите со кекс.

Состојки:

  • 3 шолји млеко
  • 100 гр пудинг во прав (ванила или чоколадо)
  • 4 лажици шеќер
  • 200 гр слатка павлака
  • 2 шолји малини
  • чоколаден кекс или бисквити

Начин на подготовка:

  1. Во сад со млеко додајте пудинг и шеќер па матете две минути. Измешајте слатка павлака.
  2. Во висока чаша ставете кекс или искршени бисквити, додајте неколку малини, па од смесата со пудинг. Повторете ја постапката. Оставете во фрижидер еден час пред послужување.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*