Иванденски колач: Стар рецепт за десерт со кајсии кој се прави за денешниот празник

Иванденски колач: Стар рецепт за десерт со кајсии кој се прави за денешниот празник

Еве рецепт за еден свеж и летен колач, кој често се правел за Иванден.

Состојки:

  • 10 зрели, но цврсти кајсии
  • 4 лажици вињак или коњак
  • 50 гр мелени бадеми
  • 50 гр шеќер
  • 50 гр путер

Состојки за фил:

  • 2 белки
  • 2 лажици ванилин шеќер
  • 2 лажици брашно
  • малку прашок за печиво

Начин на подготовка:

  1. Измешајте шеќер и коњак/вињак па додајте растопен или омекнат путер и на крај мелени бадеми, масата да биде густа.
  2. Кајсиите добро измијте ги, преполовете ги и извадете ги коските, па наредете на плех покриен со хартија за печење па наполнете со фил.
  3. Ставете во рерна загреана на 180 степени десетина минути.
  4. Додека кајсиите се печат, белките разматете ги во цврст снег па додајте шеќер. Исклучете го миксерот па измешајте брашно измешано со прашок за печиво.
  5. Извадете ги кајсиите од рерна па на секоја со шприц или со лажица ставете малку тесто од белки па вратете во рерна на уште 10 минути, најмногу 15 минути.
  6. Можете да го послужете и топло и ладно.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text