Се топат во уста: Домашни уштипци со кисело млеко (Видео)

Се топат во уста: Домашни уштипци со кисело млеко (Видео)

Идеални за доручек или вечера со шолја јогурт или парче сирење.

Состојки:

  • 1 кисело млеко од 200 мл
  • 6 лажици брашно
  • 1 лажица гриз
  • 1 рамна лажичка прашок за печиво
  • 1 јајце
  • сол
  • 1 лажица кисела павлака
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Со жица разматете јајце, додајте павлака, кисело млеко, брашно, гриз и прашок за печиво, сол и сè убаво измешајте.
  2. Маслото загрејте го на средна температура па вадете тесто со лажица и пржете во масло да порумени од двете страни.
  3. Можат да се служат солени или слатки по желба.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

singlepost_text