Крокети од ориз

Крокети од ориз

Подгответе необични, но интересни крокети од ориз…

Состојки:

  • помал сад зготвен ориз
  • 100 гр ајдамер
  • 50 гр свински врат
  • 5 лажици кисела павлака
  • 1 јајце
  • 1 чешне лук
  • сол
  • бибер

Состојки за панирање:

  • 2 јајца
  • 1 лажица брашно
  • 100 гр презла

Начин на подготовка:

  1. Зготвениот ориз измешајте го со кисела павлака и разматени јајца. Додајте рендано сирење, свински врат и зачини и измешајте во компактна маса. 
  2. Обликувајте долгунасти крокети, извалкајте ги во брашно, јајца и презла. 
  3. Пржете ги крокетите во врело масло додека не поруменат. Послужете ги со салата по желба.

Добар апетит!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Полнет ананас со ориз и пилешко

Пудинг од ориз

Оризови нудли со зеленчук

Ориз на мексикански начин

Ориз со зеленчук и краби

Пилешка мучкалица со ориз

Брза диета според вашата градба на тело

Кое е омиленото чоколадо на секој хороскопски знак

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*