Ручек за 15 минути: Оброк салата со пилешко и тестенини

Ручек за 15 минути: Оброк салата со пилешко и тестенини

Ако немате многу време за подготовка на оброк за вашето семејство, еве идеален рецепт!

Состојки:

  • 2 парчиња пилешко бело месо
  • малку бело вино
  • 400 гр макарони
  • 2 зелени пиперки
  • десетина црни маслини
  • 3 кесички мајонез
  • 3 лажици масло
  • 1 лимон
  • сол
  • бибер
  • рузмарин

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото испечете го на масло со додаток од половина чаша бело вино и малку рузмарин. За време на печењето, месото преливајте го со сокот од печењето. Пилешкото исечкајте го на стапчиња. 
  2. Макароните згответе ги во солена вода и оставете ги да се исцедат. Пиперките исечкајте ги на стапчиња. Ставете ги сите намирници во чинија и додајте маслини без коски. 
  3. Направете прелив од мајонез, сол, бибер и сок од лимон. Преливот додавајте го постепено, малку по малку, со мешање.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*