Ставете ја само оваа состојка: Еве како да избегнете потење и непријатна миризба на нозете

Ставете ја само оваа состојка: Еве како да избегнете потење и непријатна миризба на нозете

Носењето затворени обувки за време на летниот период предизвикува потење, а потоа и непријатна миризба на нозете. За да го спречите тоа, испробајте ги следните трикови.

Бактериите се главен виновник за појавата на непријатна миризба, па затоа основна работа секако е добрата хигиена. Пред да облечете патики, добро измијте ги стапалата, а еднакво важно е и убаво да ги исушите. Запомнете, секоја влага е идеално место за развој на бактерии.

– За стапалата да ви останат суви после повеќе часа носење чевли користете пудра за нозе.

– Менувајте ги обувките за да можат да се проветрат.

– Во чевлите кои непријатно мирисаат можете да ставите парче алуминиумска фолија во која претходно сте ставиле мелено кафе. Наместо кафе можете да ставите филтер кесичка од чај или кора од портокал. Овие состојки можат да го „извлечат“ непријатниот мирис.

– За да ги отстраните бактериите во внатрешноста на обувките повремено пребришете ги со крпа натопена во алкохол. Освен алкохол, на ист начин можете да употребите средство за дезинфекција на раце.

– За обувките да ви бидат миризливи, во ормарот во кој ги чувате чевлите ставете една мирисна марама за машина за сушење алишта. Таа ќе ја впие влагата и ќе ги замени непријатните миризби со убави.

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко