Џем од диња (Видео)

Џем од диња (Видео)

Подготовката на овој џем е многу лесна и секогаш успева, вкусот и бојата се убави и супер е да го намачкате на палачинки, крофни или леб. Може да се користи и за подготовка на разни колачи и торти.

Состојки:

  • 4 кг дињи (2 средни)
  • 2-3 лимони
  • 800 гр шеќер
  • 2 тегли од по 1 кг
  • капачиња
  • 1/2 кесичка конзерванс (не мора)

Начин на подготовка:

  1. Измијте ги дињите, пресечете ги на половини, извадете ги семките и со лажица издлабете ги дињите. Внатрешноста од дињите ставете ја во тенџере, изгмечете со раце, измешајте со шеќер па оставете да отстои 2 часа. 
  2. Исцедете лимон во дињите па ставете да се готви. Првите половина час гответе на силен оган, потоа намалете и продолжете со готвење утше еден час или додека не видите дали густината е добра. Повремено мешајте, пред крај поинтензивно. 
  3. Теглите и капачињата добро измијте ги и исушете ги во рерна загреана на 150 степени. 
  4. Врелиот џем ставајте го во врелите тегли, наредете ги теглите во тепсија и ставете ги во рерна на 200 степени уште 20 минути да крчка. Извадете од рерна и веднаш добро затворете ги со капачиња.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*