Арапска мусака: Без компири и јајца, апсолутно совршен вкус

Арапска мусака: Без компири и јајца, апсолутно совршен вкус

Следниот пат кога ќе посакате мусака, пробајте да ја направите по овој рецепт…

Состојки:

  • 500 гр мелено телешко
  • 1,5 кг модар патлиџан
  • 5 црвени пиперки
  • 4 домати
  • 2 лути пиперки
  • 1 веза магдонос
  • 1 главица кромид
  • 1 морков
  • 1 шолја бело вино
  • бибер
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Пропржете ги кромидот, лутите пиперки и морковот. Додајте мелено месо, ситно сечкани 2 домати, бибер и сол. Динстајте додека месото не биде готово, па тргнете од оган. 
  2. Додајте ситно сечкан магдонос. Патлиџаните излупете ги и исечкајте ги на кругови, па благо пропржете ги. На дно на намастена тава распоредете патлиџани, ставете пржено мелено месо, исечкани пиперки и останатите два домати исечкани на коцки или кругови. 
  3. Прелијте ја мусаката со бело вино, покријте со фолија и печете во загреана рерна на 200 степени околу 50 минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*