За следниот ручек ви предлагаме вкусни пиперки полнети со ориз…
Состојки:
- 1 црвена пиперка
- 1 жолта пиперка
- 1 зелена пиперка
- 200 гр ориз
- 2 лажици исечкан магдонос
- 100 гр сирење по желба
- маслиново масло
- сол
Начин на подготовка:
- Пиперките пресечете ги на половина и исчистете ги од семки. Во врела посолена вода згответе ориз околу 15 минути. Оризот исцедете го и измешајте го со магдонос и сирење.
- Со таа смеса полнете ги половините од пиперките и редете ги во огноотпорен сад, налијте со малку вода или бујон и прокапете со маслиново масло. Печете 20 минути на 200 степени.
Добар апетит!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт