Пенаста погача: Лесно воздушесто тесто, постојано ќе ја правите (Видео)

Пенаста погача: Лесно воздушесто тесто, постојано ќе ја правите (Видео)

Пенаста како морска пена, таква е ова погача која морате да ја пробате!

Состојки:

  • 300 мл млеко
  • 50 мл масло
  • 3 јајца
  • 500-600 гр брашно
  • 1 лажица шеќер
  • крупна сол
  • малку сол
  • 20 гр квасец
  • 150 гр сирење
  • 1 лажица ајвар
  • 100 гр путер
  • семки за посипување
  • 1 жолчка

Начин на подготовка:

  1. Во млако млеко растопете квасец, додајте јајца, па сè измешајте со жица. Додајте масло, малку брашно, сол и остатокот од брашното и замесете средно глатко тесто. Покријте да нарасне 30 минути на топло. Развлечете и издвојте 7 топки, па секоја топка развлечете ја во правоаголник. Сирењето издробете го и додајте ајвар, па изедначете. 
  2. Секој правоаголник кој сте го развлекле премачкајте го со омекнат путер, освен последниот, кој ќе го намачкате со сирење. Исечкајте на ленти околу 2 см, па лентата свиткајте ја држејќи ја за еден крај. Свиткајте во круг и ставете во средина на плехот кој сте го намастиле со масло. 
  3. Редете ги така свитканите ленти во круг во тепсија. Оставете ја погачата да нарасне, па премачкајте со жолчка и посипете со семки и крупна сол. Печете на 180 степени околу 45 минути. На половина од печењето покријте со фолија.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text