Лесно се подготвува, а уште побрзо се јаде: Домашна торта со дињи готова за 15 минути (Видео)

Лесно се подготвува, а уште побрзо се јаде: Домашна торта со дињи готова за 15 минути (Видео)

Лесна летна комбинација која ќе ја обожавате…

Состојки:

  • 300-400 гр бисквити
  • 150 гр маргарин
  • 150 гр шеќер во прав
  • 1 кг исчистена диња
  • 200 гр шлаг за украсување
  • 15 крем банани
  • 120 гр ореви

Начин на подготовка:

  1. Бисквитите сомелете ги, а маргаринот измиксајте го пенасто со шеќер во прав. Дињата исчистете ја и изблендирајте ја. Во мелените бисквити додајте ореви, разматен маргарин и додавајте диња па замесете го кексот со раце да не биде многу мек. 
  2. Половина од смесата распоредете на помал послужавник и израмнете. Преку кексот распоредете крем банани и оставете растојание. Ставете го остатокот од кексот помеѓу крем бананите и преку нив па убаво израмнете. Разматете шлаг па прекријте ја тортата. 
  3. Оставете 2 часа во фрижидер па сечете и послужете.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*