Ако немате многу време за готвење: Брз пилешки гулаш

Ако немате многу време за готвење: Брз пилешки гулаш

Брз и вкусен ручек – пилешки гулаш кој ќе го обожавате…

Состојки:

  • 650 гр пилешко филе
  • 1 главица кромид
  • 1 морков
  • 2 домати
  • 1 помал целер
  • 1 шолја пченка
  • 200 мл сок од домати
  • 1 лажичка црвена пипер
  • 1 лажичка лук во прав
  • 1 лажица доматно пире
  • 1 л месен бујон
  • сол
  • бибер
  • масло
  • 3 лажици густин

Начин на подготовка:

  1. Кромидот исечкајте го на коцки, како и лукот, потоа пропржете ги на малку масло. Кога кромидот ќе омекне, додајте рендан морков, целер и домати. 
  2. Зачинете по вкус, потоа додајте пченка. Додајте сечкано пилешко, доматен сос и пире и добро измешајте. Кога месото ќе биде готово во јадењето измешајте густин кој претходно сте го разматиле со малку вода. 
  3. Оставете да крчка уште неколку минути, па тргнете од рингла. Послужете со салата и прилог по желба.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text