Домашен рецепт: Мафини со шунка готови за 15 минути

Домашен рецепт: Мафини со шунка готови за 15 минути

Вкусни и декоративни мафини со шунка, можат да бидат добар избор за некоја прослава, но и за доручек или вечера.

Состојки:

  • 20 гр свеж квасец
  • 10 гр шеќер
  • 250 гр брашно
  • сол
  • 50 мл маслиново масло
  • 200 гр шунка Пекабеско
  • 200 гр рендано сирење
  • 1 јајце
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Квасецот разматете го во 125 мл млака вода, додајте шеќер, измешајте и оставете 10 минути да мирува. Во сад ставете брашно, сол, разматен квасец и маслиново масло, па замесете глатко тесто. Оставете да мирува додека тестото двојно не се зголеми. 
  2. Шунката исечкајте ја на коцки, измешајте со сирење и јајце, посолете и побиберете. 
  3. Загрејте ја рерната на 180 степени. Намастете калап за мафини и посипете го со презла. Калапите до половина исполнете ги со тесто, а потоа со мешавина од шунка и сирење. Оставете 20 минути да мируваат. Печете во загреана рерна 25 минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*