Шведски компир запечен со кашкавал и шунка: Не може да се опише, мора да се проба

Шведски компир запечен со кашкавал и шунка: Не може да се опише, мора да се проба

Најдобар прилог кој можете да го послужите со било кое јадење…

Состојки:

  • 1 кг компири
  • малку масло
  • сол по вкус
  • 200 гр кашкавал
  • 100 гр шунка или сувомеснато по избор
  • 2 шолји павлака за готвење или бешамел сос

Начин на подготовка:

  1. Компирите излупете ги и исечкајте ги на ленти но не до крај, компирите треба да останат составени на дното. Премачкајте ги со масло со помош на четка, посолете и печете во рерна на 200 степени окполу 1 час. 
  2. Дел од кашкавалот и шунката исечкајте на парчиња па редете во засеците на печените компири (шунка-кашкавал-шунка и така додека не ги наполните сите компири). Потоа прелијте сè со бешамел сос и посипете со останатиот рендан кашкавал. 
  3. Запечете уште 20 минути на 200 степени и вашиот шведски компир е готов!

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text