Вкусно пилешко на грчки начин

Вкусно пилешко на грчки начин

Подгответе вкусно пилешко месо по оригинален грчки рецепт…

Состојки:

  • 6 парчиња пилешко филе
  • 500 мл доматен сос
  • 250 гр печурки
  • 250 гр маслини
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажица сок од лимон
  • 1 лажичка оригано
  • 1 главица кромид
  • 125 мл вода
  • 400 гр ориз
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото филе ставете го во плех намастен со масло и печете 60 минути на 175 степени. 
  2. Во меѓувреме соединете доматен сос, исечкани и исчистени печурки, маслини, исечкан лук и кромид, исцеден сок од лимон, оригано, сол и вода. 
  3. Сите состојки добро измешајте ги, ставете во поголемо тенџере, додајте пилешко кое се пече во рерна и се готви на ниска температура околу 1 час. 
  4. Посебно згответе ориз. При сервирање во секоја чинија ставете ориз и прелијте со подготвеното пилешко во сос.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*