Мек и кремаст колач со праски и павлака (Видео)

Мек и кремаст колач со праски и павлака (Видео)

Најмекиот, кремаст колач со праски кој можете да го правите цела година, бидејќи може да се користи и овошје од компот. Наместо нектарини може да ставите и кајсии, вишни, цреши, малини, јаболка, крушки, сливи.

Состојки:

  • 600 гр нектарини
  • 4 јајца
  • 200 гр шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 6 лажици масло
  • 9 лажици врела вода
  • 250 гр брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 600 мл млеко
  • 2 кесички пудинг од слатка павлака (може и ванила)
  • 200 гр шеќер
  • 200 гр маргарин
  • лимон
  • 200 гр кисела павлака

Начин на подготовка:

  1. Вклучете ја рерната на 180 степени, намастете тепсија со маргарин и посипете со брашно. Праските измијте ги и исечкајте ги. 
  2. Разматете жолчки со шеќер и ванила. Измешајте масло и врела вода па додајте брашно и прашок за печиво. Посебно разматете белки па лесно измешајте ги во претходната смеса. Ставете ја смесата во тепсија, израмнете па посипете со исечкани праски. Печете додека не порумени, околу 30-40 минути. 
  3. 500 мл млеко згответе со шеќер, во 100 мл млеко измешајте пудинг и згответе. Изрендајте кора од лимон и оставете кората и филот да се изладат. 
  4. Во пудингот измешајте разматен маргарин и павлака. Премачкајте преку колачот и оставете до наредниот ден да отстои. Украсете по желба и послужете.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*