Кавијар од зеленчук

Кавијар од зеленчук

Испробајте малку поинакво јадење – еве зошто кавијарот од зеленчук е тренд во светот…

Состојки:

  • 4 модри патлиџани
  • 1 дл маслиново масло
  • 10 чешниња лук
  • 2 парчиња суво месо Пекабеско
  • 1/4 лажичка оригано
  • 1/4 лажичка босилек
  • прстофат копар
  • 2 лажици ситно сечкан магдонос
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Измијте ги патлиџаните, пресечете ги долж, внатрешноста премачкајте ја со доста лук па замотајте во фолија. Наредете ги во плех и печете ги 30 минути во рерна загреана на 200 степени. 
  2. Кога патлиџаните ќе се испечат, со лажица извадете ја внатрешноста и издинстајте ја на маслиново масло, на умерена температура, заедно со ситно сечкано суво месо. Зачинете со зачински билки, сол и бибер и сервирајте топло со тост леб, брускети или крекери.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text