Еве што треба да јадете ако сакате да имате подобар вид и поздрава кожа

Еве што треба да јадете ако сакате да имате подобар вид и поздрава кожа

Ако сте љубител на свежи салати, тогаш треба да знаете дека постојат намирници кои во комбинација со нив можат многу да го подобрат вашето здравје. Еве и кои се тие намирници.

Со овој додаток вашата салата ќе остане нискокалорична, но ќе стане високохранлива и богата со железо, минерали и витамини.

Кога подготвувате салата, задолжително сетете се да ја додадете оваа намирница, бидејќи така вашиот оброк ќе биде многу поздрав.

Имено, додавањето на варено јајце во салатата од зеленчук ја зголемува апсорпцијата на бета каротен од зеленчукот до 500 отсто. Бета каротен е билен пигмент кој се наоѓа во овошјето и зеленчукот во сите нијанси од жолта и портокалова до темнозелена боја, па е составен дел од морковот, дињата, јаболкото или спанаќот.

Дневно би требало да внесете минимално 10 милиграма од овој антиоксиданс, кој во телото се претвара во витамин А, а повеќето луѓе внесуваат само петтина од тој износ.

Бета каротенот е важен, бидејќи делува како заштита од слободните радикали кои доведуваат до бројни болести, помага во создавање на меланин, ја штити кожата од УВ зрачење, го подобрува видот, спречува ноќно слепило и чувствителност на светлина.

Треба да се напомене дека салатата со варени јајца има и дополнителни предности, бидејќи станува збор за нискокалорична, а високохранлива намирница богата со протеини, железо и други минерали и витамини.

За апсорпција на бета-каротен од овошјето и зеленчукот важни се мастите од жолчките, па консумацијата само на варени белки нема да го постигне саканиот ефект.

Уште повеќе бета-каротен можете да апсорбирате ако во салатата додадете и некои други извори на незаситени масни киселини, како што се авокадо или маслиново масло.

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*