Оваа салата е добра за зајакнување на имунитетот…
Состојки:
- 150 гр зелка
- 1 црвена пиперка
- 1 жолта пиперка
- 2 лажици сусамово масло
- 2 лути пиперчиња
- 4 лажици соја сос
- 4 лажици мед
- сол
- бибер
- 4 лажици пржени кикирики
Начин на подготовка:
- Изренданата зелка и исечканите пиперки пропржете ги на врело масло. Внимавајте намирниците да останат светли, не треба да потемнат.
- Измијте ги лутите пиперчиња, извадете им ги семките и ситно исечкајте ги.
- Од соја сос, исечкани пиперчиња, мед, сол и бибер направете сос за салата со кој ќе ја прелиете изладената зелка.
- На крај посипете со кикирики. Држете во фрижидер до употреба, најмалку 20 минути.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути