За сите љубители на слатки: Брз бел колач

За сите љубители на слатки: Брз бел колач

Вкусен колач со ванила кој ќе ги воодушеви сите љубители на слатки, а многу е лесен за припрема…

Состојки:

  • 220 гр шеќер
  • 110 гр путер
  • 2 јајца
  • 2 лажички екстракт ванила
  • 180 гр брашно
  • 2 лажички прашок за печиво
  • 1/2 шолја млеко
  • крем шлаг

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Намастете го и посипете го со брашно плехот во кој ќе го печете колачот. 
  2. Разматете шеќер и путер. Скршете јајца, а потоа додајте екстракт од ванила. Додајте брашно и прашок за печиво и мешавината добро разматете ја. Ставете млеко и мешајте додека смесата не биде глатка. Смесата ставете ја во веќе намастениот плех. 
  3. Печете 30 или 40 минути во загреана рерна. Колачот украсете го со шлаг, а по желба можете да додадете шарени трошки, овошје или бело чоколадо.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*