Едноставно и брзо се подготвува, а секогаш ќе барате парче повеќе…
Состојки:
- 1/2 леб исечкан на парчиња со големина на залак
- 1/2 главица кромид или 1/2 струк праз
- 150 гр солено сирење
- 100 мл масло
- прстофат црвена пипер
Начин на подготовка:
- Кромидот или празот излупете го и исечкајте го ситно, па пропржете го на масло во длабока тава додека не омекне. Додајте исечкан леб и издробено сирење, измешајте, па на крај додајте и пипер.
- Пржете уште минута-две со непрекинато мешање и јадењето е готово! Посипете го со уште малку рендано сирење и послужете со ладен јогурт или кисело млеко.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи