Превртен колач со сливи: Едноставен десерт по оригинален рецепт (Видео)

Превртен колач со сливи: Едноставен десерт по оригинален рецепт (Видео)

Едноставен колач кој сигурно ќе ве воодушеви со својот освежувачки вкус.

Состојки:

  • 3 јајца
  • 2 помали шолји брашно
  • 2 мали шолји гриз
  • 1 мала шолја масло
  • 150 гр шеќер
  • кора од лимон
  • малку цимет
  • 1/2 кг сливи
  • 1 ванилин шеќер
  • шеќер во прав по желба
  • прашок за печиво

Начин на подготовка:

  1. Во тенџере растопете 3 лажици шеќер додека убаво не се карамелизира па ставете на дно од плех кој сте го обложиле со хартија за печење. Од горе наредете сливи и ставете малку цимет. 
  2. Разматете јајца со шеќер, додајте масло, брашно, гриз, прашок за печиво и кора од лимон па добро изедначете и ставете преку сливите. 
  3. Протресете го плехот и печете на 200 степени околу 40 минути. Печениот колач посипете го со ванилин и шеќер во прав по желба.

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*