Турски леб Балон Лаваш: Вкус кој освојува

Турски леб Балон Лаваш: Вкус кој освојува

Едно од оние печива кои со јогурт или кисело млеко стануваат сосема доволни за самостален оброк.

Состојки:

  • 1 кг брашно
  • 1 јајце
  • 80 мл масло
  • 100 мл свежо млеко
  • 400 мл топла вода
  • 1 рамна лажица сол
  • 1 лажица кисело млеко
  • 1 лажичка шеќер
  • 7 гр сув квасец
  • 1 јајце за премачкување
  • малку путер за премачкување
  • сусам за посипување

Начин на подготовка:

  1. Просејте го брашното во сад. Растворете квасец во млако млеко и додајте шеќер. Кога квасецот ќе надојде, додајте ги останатите состојки, освен масло.
  2. Измешајте и додајте во брашното, па замесете меко тесто. Кога тестото ќе почне да се лепи за прстите, додајте масло малку по малку и месете го тестото. Готовото тесто свиткајте го и оставете го на топло двојно да нарасне.
  3. Надојденото тесто поделете го на еднакви топки, секоја свиткајте ја и развлечете ја со сукало на тенки кори, а потоа намачкајте со разматено јајце и посипете со сусам.
  4. Печете во загреана рерна додека не порумени. Готовиот леб премачкајте го со растопен путер.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*