Пикантно пилешко со лук

Пикантно пилешко со лук

Запечено пилешко со арома на лук во крцкава обвивка од презла и пармезан.

Состојки:

  • 2 лажички изгмечен лук
  • 1/4 шолја маслиново масло
  • 1/4 шолја презла
  • 50 гр пармезан
  • 4 пилешки филети

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 220 степени.
  2. На тивок оган загрејте лук и маслиново масло, за постепено да се ослободи арома. Во посебен сад измешајте пармезан и презла.
  3. Пилешкото прво провлечете го во мешавината од масло и лук, потоа во презла и пармезан. Месото потоа наредете го во плех.
  4. Печете во рерна околу 30-35 минути.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text