Вистинска гурманска плескавица

Вистинска гурманска плескавица

Кашкавалот е рамномерно распореден што секој залак од плескавицата го претвара во сочно, гурманско искуство.

Состојки:

  • 400 гр мелено месо
  • 200 гр кашкавал исечкан на коцки
  • 2 јајца
  • 2 лажици презла
  • 2 главици рендан кромид
  • 3 чешниња рендан лук
  • сол
  • бибер
  • црвена пипер

Начин на подготовка:

  1. Добро замесете го месото со коцки кашкавал, јајца, рендан кромид и лук, сол, бибер и пипер. 
  2. Месото за плескавици соединете го. Оставете ја измешаната маса да отстои барем 15 минути. потоа со влажни раце правете плескавици, секоја извалкајте ја во презла и пржете на врело масло. Сервирајте со зеленчук и сезонска салата.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text