Beko во борба против дебелината кај децата во Македонија

Beko во борба против дебелината кај децата во Македонија

Навиките во исхраната се стекнуваат уште од најмала возраст и директно влијаат на психо-физичкото здравје и развој на поединецот. Дури 31 проценти од машките деца и 29 проценти од девојчињата во Македонија имаат телесна тежина поголема од предвидената за нивната возраст. Од нив, 16 отсто од машките и 13 отсто од девојчињата се дебели. Ова го  потврдуваат статистичките податоци за нутритивниот статус на децата на возраст од 7 до 8 години од Институтот за јавно здравје.

Тенденцијата за раст на бројот на дебели деца е последица на неколку фактори, од кои доминираат лошата исхрана, слабата физичка активност и седењето пред компјутери. Со тоа уште на мала возраст децата се соочуваат со ризици за хронични болести кои ги носи дебелината – нарушувања во метаболизмот на шеќерот, на мастите и на хормоните а значајно влијае и на квалитетот на животот.

Спречувањето на нарушувањата во исхраната кај децата е глобална цел на компанијата Beko. По неколку успешни светски активности преку својата платформа „Јади како шампион“ (Eat like a pro), компанијата воспостави соработка со посебното основно училиште „д-р Златан Сремец“ од Скопје. Донацијата се состои од кујнски апарати и уреди кои ќе се користат за подготовка на здрава храна за децата од ова училиште и на тој начин, Beko ќе придонесе до воспоставување здрави нутритивни навики кај младата популација.

Beko и Нептун, главниот дистрибутер на Beko за територијата на Македонија, ја врачија донацијата на ПОУ „д-р Златан Сремец“ во рамки на регионалната турнеја „Јади како шампион“, која последниве два месеци се организира во земјите во регионот.

Компанијата Beko организира и кулинарска работилница со нашиот најпознат Шеф Огненовски, кој работеше по рецептите од готвачот „Јади како шампион“, според кои се хранат играчите на фудбалскиот клуб Барселона. Готвачот е полн со внимателно осмислени рецепти коишто даваат добра можност за родителите и децата во своите менија да ја внесат здравата храна преку брзи и вкусни оброци. Покрај кулинарските работилници се организираа и наградни натпревари во подготовка на смути пијалоци за публиката и фудбалски натпревари за децата. Освен забавните содржини, посетителите на Скопје Сити Мол, викендов имаа можност да ја погледнат и да ја користат новата линија на вградливи и само-стоечки Beko уреди.

Шерафедин Бала, комерцијален директор за Beko Balkans, истакна дека „децата јадат тоа што јадат и нивните херои – мајките и татковците, драгите воспитувачи и учители или омилени фудбалери. Во околностите каде што детската дебелина е сериозен проблем ширум светот, наша одговорност е да воспоставивме здрави прехрамбени навики, во своите семејства да создадеме цврста основа децата да се хранат здраво и да пораснат здрави. Со големата понуда на уреди со паметна и корисна технологија, која ја олеснува подготовката на здравата храна, Beko со гордост ги поддржува семејствата во целиот свет“.

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*