Туна стек со зеленчук и фета сирење

Туна стек со зеленчук и фета сирење

Рецепт за неодоливо јадење од туна…

Состојки:

  • 200 гр парче туна
  • 50 гр фета сирење
  • 5 маслини
  • 1 чешне лук
  • 4 шери домати
  • 1 лажичка цеден лимон
  • 1/2 лажица маслиново масло
  • зачини по желба: магдонос, босилек, сол, бибер

Начин на подготовка:

  1. Во помал сад измешајте малсини, лук, шери домати, фета сирење, сок од лимон и маслиново масло. Додајте зачини по желба. 
  2. Загрејте грил тава и туна стекот испечете го од секоја страна по 1-2 минути, така што туната нема да се исуши, туку во средината ќе остане мека и сочна. 
  3. Ставете ја туната на чинија и преку неа ставете мешавина од зеленчук, фета и зачини.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text