Кремаста салата од боранија (Видео)

Кремаста салата од боранија (Видео)

Една од најубавите салати која одлично оди со јадења од месо.

Состојки:

  • 500 гр млада боранија
  • 100 гр моркови
  • 200 гр кисела павлака
  • 300 гр мајонез
  • 1/2 веза мгадонос
  • 1/2 веза копар
  • 2 чешниња лук
  • 1/2 лимон
  • 2 лажички сол и уште малку ако е потребно

Начин на подготовка:

  1. Сè добро измијте. Боранијата исчистете ја и пресечете на половини, па гответе во посолена вода заедно со исчистени моркови околу 30 минути или додека не омекнат. Исцедете ја водата и оставете зеленчукот да се излади. 
  2. Измешајте павлака, мајонез, изрендан лук, исечкан магдонос и копар, сок од лимон па прелијте преку боранијата во која сте изрендале зготвени моркови. Сè измешајте и оставете да се излади до послужување.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*