Пилешко во зелен зеленчук

Пилешко во зелен зеленчук

Вкусен и хранлив ручек готов за миг!

Состојки:

  • 300 гр пилешки гради
  • 100 гр варен грашок
  • 100 гр тиквици
  • 10 зелени маслини
  • 1 главица кромид
  • 1 дл вода
  • масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Пропржете ситно сечкан кромид во тефлон тава со малку масло, па додајте тиквици исечкани на стапчиња, варен грашок и зелени маслини. 
  2. Динстајте на јака температура 5-7 минути, прелијте со вода и гответе додека течноста не испари. Потоа додајте пилешко исечкано на стапчиња и динстајте на умрена температура 15-20 минути, додека не омекне. Повремено мешајте и долијте вода за зеленчукот и месото да не се исушат. Пред крај посолете и побиберете.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*