Брзи пекарски кифлички – евтин рецепт за секој ден

Брзи пекарски кифлички – евтин рецепт за секој ден

Направете вкусни и брзи пекарски кифлички по лесен и  евтин рецепт.

Состојки.

  • 1200 гр. брашно
  • 500 мл. млеко
  • 100 мл. млака вода
  • 200 мл. масло
  • 1 ½ лажички квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 лажиче сол
  • 3 лажици масло
  • 100 гр. маргарин

Подготовка:

  1. Во 100 милилитри млака вода се става квасецот со лажиче шеќер и малку брашно и се остава да нарасне.
  2. Се меша брашното со сол, па се додава надојдениот квасец, па потоа минерална вода и масло и се меси тесто, се мачка со малку масло и се остава да нарасне.
  3. Се вадат ситни топчиња и се расукуваат, се мачкаат со маргарин и виткаат како кифлички, па се редат на плех со хартија.
  4. Се премачкуваат со масло и се става малку сол па се оставаат да нараснат додека се загрее рерната на 180 степени.
  5. Се печат додека не поруменат.

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*