Штрудла со џем од јагоди

Штрудла со џем од јагоди

Овие сочни залаци со џем од јагоди се идеални за ужина или лесен доручек.

Состојки за тесто:

  • 600 гр брашно
  • 2 дл кисела павлака Пекабела
  • 250 гр маргарин
  • 10 гр свеж квасец
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1 јајце
  • прстофат сол
  • 100 гр шеќер

Состојки за фил:

  • џем од јагоди
  • 150 гр мелени ореви
  • шеќер во прав за посипување

Начин на подготовка:

  1. Џемот од јагоди и 150 гр мелени ореви соединете ги во еднолична смеса за фил. 
  2. Замесете глатко тесто од наведените состојки и оставете еден час во фрижидер. 
  3. Потоа тестото премесете го и развлечете го. Филувајте го и свиткајте го, па сечете на саканата ширина. Тестото можете да го расечете и од горните страни. 
  4. Печете на 200 степени 20 минути. Изладените штрудли посипете ги со шеќер во прав.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*