Традиционална кујна: Полнети шницли

Традиционална кујна: Полнети шницли

Подгответе вкусни полнети шницли. Кога еднаш ќе ги пробате, ќе ги правите постојано.

Состојки:

  • 4 шницли (телешки, мисиркини, пилешки)
  • 4 парчиња суво месо
  • 4 лажици гауда сирење
  • 4 лажици сенф
  • 2 јајца
  • 1 шолја брашно
  • 1 шолја презла

Начин на подготовка:

  1. Шницлите добро истанчете ги. Посоелте, побиберете, намачкајте ги со сенф па на нив ставете по парче суво месо и гауда сирење. 
  2. Свиткајте ги шницлите, внимавајте да не истече филот. 
  3. Извалкајте ги во брашно, разматени јајца и презла. Печете ги на масло додека не поруменат од сите страни.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*