Мусака со карфиол и брокули

Мусака со карфиол и брокули

Ако немате идеја, за следниот ручек подгответе мусака со карфиол и брокули…

Состојки:

  • 300 гр карфиол
  • 300 гр брокули
  • 100 гр кашкавал
  • 250 мл павлака за готвење
  • 1 поголемо јајце
  • сол по вкус
  • бибер по вкус

Начин на подготовка:

  1. Карфиолот и брокулата искинете ги на цветови, па кратко обварете ги во солена вода, изладете ги под млаз студена вода, за да се запре процесот на готвење. Намастете огноотпорен сад со путер, па редете цветови брокула и карфиол. Преку изрендајте кашкавал. 
  2. Павлаката разматете ја со јајце, зачинете со сол и бибер и прелијте го зеленчукот. 
  3. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути. 
  4. Послужете како прилог со месо или како главно јадење.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text