Печен компир со крем сирење

Печен компир со крем сирење

Мек и вкусен компир во комбинација со крем сирење, одличен како прилог со месо, а ако се послужи со салата може да биде и главно јадење.

Состојки:

  • 4 компири
  • 150 гр крем сирење
  • 100 гр павлака Пекабела
  • масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Компирите измијте ги, исушете ги, од сите страни избодете ги со вилушка, премачкајте ги со масло и посолете. Подготвените компири ставете ги да се печат во рерна загреана на 200 степени, околу 50 минути.
  2. За тоа врема во помал сад ставете кисела павлака, додајте свежо крем сирење, зачинете со сол и бибер и сè заедно измешајте со жица. Вака подготвеното полнење ставете го во фрижидер да се излади. 
  3. Компирите ставете ги на чинии со листови зелена салата, наполнете ги со фил од сирење и послужете.


Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*