Диетален колач: Фитнес чизкејк

Диетален колач: Фитнес чизкејк

Сакате слатки, но сакате и да ја одржите вашата линија? Имаме вистински рецепт за вас!

Состојки:

  • 100 гр мелени бисквити без шеќер
  • 50 гр растопено кокосово масло
  • 1 лажица мед

Состојки за крем:

  • 2 јајца
  • 750 гр младо сирење
  • 1/2 исцеден лимон
  • малку изрендана кора од лимон
  • екстракт од ванила
  • засладувач по желба
  • овошје

Начин на подготовка:

  1. Измешајте ги состојките за кора и втиснете во калап во кој сте ставиле хартија за печење. Печете 5 минути на 180 степени. 
  2. Сите состојки за крем измиксајте ги со миксер. Кремот прелијте го преку кората и израмнете на врвот па печете 30 минути на 170 степени. 
  3. Кога ќе се излади, исечканото овошје ставете го да се зготви. По потреба додајте нешто да згусне (желатин) и засладувач. Прелијте преку тортата и оставете преку ноќ во фрижидер.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text